|

Лихтенштајн 0 – 3 Македонија -ПОБЕДА ЗА КОЧАНИ, ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонската фудбалска репрезентација ја започна квалификацијата за Светското првенство 2026 со убедлива победа од 3:0 против Лихтенштајн во Вадуц. Стрелците за Македонија беа Александар Трајковски, Висар Муслиу и Бојан Миовски.

Македонија доминираше од самиот почеток на мечот, а веќе по првото полувреме, резултатот беше решен. Во 8. минута, Трајковски погоди за водство од 1:0, додека во 43. минута, Муслиу ја зголеми предноста на 2:0. Во второто полувреме, Миовски ја постави конечната бројка на 3:0.

“КОЧАНИ, КОЧАНИ, КОЧАНИ” ОДЕКНА ВО 59 МИНУТА ОД МЕЧОТ ВО ВАДУЦ ОД НАД 2.000 МАКЕДОНЦИ. ПОБЕДА ЗА КОЧАНИ, ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА, во 59 тата минута со почит и во чест на прерано починатите од пожарот во дискотеката во Кочани македонските навивачи застанаа и дадоа почит за 59 жртви во Кочани.

Македонија го пречекува Велс во вторник од 20:45

фото – фб

Слични Објави