Општина Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2026 година
Општина Битола објави јавен повик за доделување финансиски средства на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Општината за 2026 година.
Вкупниот износ што ќе се распределува изнесува 500.000 денари, а средствата ќе се доделуваат во форма на грантови за проекти од приоритетни области:
локален економски развој, образование, култура, здравство, екологија и социјална заштита.
Проектите што ќе добијат поддршка треба да бидат реализирани најдоцна до 31 декември 2026 година, односно до крајот на фискалната година.
За еден проект, едно здружение или фондација може да добие најмногу 50.000 денари.
Апликациите со потребната документација се доставуваат до
Општина Битола – Комисија за финансии и буџет,
Булевар „1-ви Мај“ бр. 61,
во рок од 15 дена, почнувајќи од 10 февруари, а заклучно со 24 февруари 2026 година.
Целта на повикот е да се поттикне активното учество на граѓанскиот сектор во развојот на локалната заедница и реализација на проекти од јавен интерес.
Повеќе информации и целосниот текст на јавниот повик се достапни на официјалната веб-страница на Општина Битола:
https://www.bitola.gov.mk/povik-zdruzenija-na-gragjani-i



