КРУШЕВО СО РОЗИ ЗА ТОШЕ
Денес, во 12 часот градот Крушево ќе ги пречека маратонците кои од Нова Градишка, Хрватска трчаат ултра маратон во чест на најголемата музичка икона, Тодор Проески – Тоше.
Тоше на денешен ден пред 17 години загина во сообраќајна несреќа токму таму.
Денес градот е покриен со рози и многу тага по крушевското дете.
Вечна ти слава, Тоше.
Ти беше, си и ќе останеш најсветлата ѕвезда на македонското небо.