| |

ЗОШТО ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ?

Како граѓани на една општина многу често знаеме да се пожалиме дека не знаеме како, каде и за што се трошат нашите пари, дека објавените буџети од страна на општините се неразбирливи и напишани во форма која за нас „обичните жители“ е научна фантастика.

Покрај тоа што ќе го изработи и постави на својата официјална веб стана годишниот буџет, општината за да биде транспарентна, отчетна и блиска до своите жители ќе им обезбеди разбирлив и читлив ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ.

Една од општините која се потруди да подготви граѓански буџет е и Општина Прилеп, на следниот линк можете да го прочитате ГРАГАНСКИОТ БУЏЕТ.

Тој има повеќе намени:

• Информирање на граѓаните за тоа како се собираат општинските приходи и како се трошат општинските средства.

• Едукација на граѓаните за клучните термини, принципи и начела поврзани со општинскиот буџет и локалните финансии.

• Зголемување на свесноста на граѓаните за нивната улога во буџетскиот процес на локално ниво.

• Поттикнување на поголема активност и учество на граѓаните во процесите на планирање и реализација на општинскиот буџет.

• Запознавање на граѓаните со донесениот БУЏЕТ и неговите основни карактеристики, структура, кои се и колкави се општинските приходи и каде општината планира да ги потроши.

Останува на вас да се иформирате, едуцирате од каде се собираат парите во општинскиот буџет, како се донесува буџетот и за што се трошат вашите пари. После сето, видете дали ќе се жалите дека не го разбирате буџетот, или ќе појдете на следната расправа за да учествувате и вие во креирањето на вашиот буџетот за следната година. Не е баук: секој има своја струка и знае што треба да се направи за подобрување (проект), колку тој чини и како да се реализира. Ако видите дека многу пари има за глупости, предложете бришење на ставка. Ако не е јасно – прашајте и мораат да ви објаснат.

Слични Објави