ГРАЃАНИТЕ СО СВОИТЕ МАКИ, ОПШТИНАРИТЕ ОДГОВАРАА И ВЕТУВАА (ВИДЕО)
Синоќа во Собраниската сала на Општина Прилеп се одржа средба со граѓани од општината. Овој граѓански форум е во функција да граѓаните од Општина Прилеп директно ги пренесат своите проблеми и заедно со општинарите да ги дефинираат приоритетите при носењето на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година!
На средбата, Градоначалникот, заедно со раководителите од Општината и директорите на Јавните претпријатија, водеа дискусија, слушајќи предлози од граѓаните. На крај од седницата, од страна на општинарите е ветено дека секој предлог ќе биде внимателно разгледан за да се задоволат потребите на граѓаните со конкретни решенија.
Вклучувањето на граѓаните при носењето на важните одлики во општината е од суштинско значење во јанењето на демкратијата и со самото тоа општинарите да докажат дека транспарентноста во работењето, им е меѓу приоритетите.
Проследете дел од дебатата која се водеше во општинската сала: