Најбрзото време не беше доволно: Агрипина Цакоска остана без победата поради шест секунди казна
Прилепчанката Агрипина Цакоска беше најбрзата натпреварувачка во класата до 1200 кубни сантиметри на авто-слаломот „Свети Николе 2026“, но поради казна од шест секунди, на крајот се пласираше на последното, петто место.
Според официјалните резултати, Цакоска остварила најдобро нето време од 20.925 секунди, но со додадените шест казнени секунди нејзиното вкупно време изнесувало 26.925 секунди.
Во реакција доставена до ОТВ, Цакоска тврди дека не добила конкретно образложение за изречената казна. Според неа, при обраќањето до судијата, не добила одговор кој чун (конус) наводно го соборила, ниту пак било посочено на кое место бил направен прекршокот. Непосредно пред натпреварот и возилото и било без образложение прераспределено од 2ра во 1ва класа.
„Прашав за кој чун станува збор, но не добив конкретен одговор. Судијата рече дека не памети кој чун бил“, наведува Цакоска во својата реакција.
Таа додава дека не го оспорува правото на судиите да изрекуваат казни, но смета дека секоја санкција треба да биде јасно образложена, особено кога токму казнените секунди го менуваат конечниот пласман и од најбрзо време значат последно место.

Генерален пласман по две трики. Останува уште една



