|

Златен медал на Светскиот куп во Италија за нашата шампионка

Марија Димовска продолжува со освојување златни медали на големите кик бокс натпревари, а нејзиниот најнов успех е победата на Италијанскиот Светски куп во Лидо Диесоло.

Нашата светска шампионка со победа уште во првата рунда. Димовска го освои првото место во категоријата „Лоу кик“ за постари јуниори, победувајќи ја во финалето Хрватката Магдалена Токиќ со 3-0.

На Светскиот куп учествуваат 1987 натпреварувачи во 3117 влезови од 387 клубови од 46 земји од светот.

За златен медла ќе се бори и Данило Методиевски со Матија Радовиќ од Црна Гора.

Слични Објави