Градоначалникот и претседателката на Советот со честитка и посети по повод 8 Март

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец, упатија честитки до сите жени, истакнувајќи ја нивната сила, храброст и незаменлива улога во општеството.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец посетија повеќе установи во градот, меѓу кои детската градинка „Наша Иднина“ во Бончејца и Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, каде што им беше оддадена почит на вработените и корисниците.

Претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец, оствари средба со советничките и новинарките од градот, каде што во пријатна атмосфера разговараа за значајната улога на жените во општествениот живот и ги споделија предизвиците и успесите со кои се соочуваат.

Исто така, се сретнаа и со жените од старата прилепска чаршија, честитајќи им го празникот и упатувајќи им пораки за среќа, успех и благосостојба.

„Нека овој ден донесе многу радост, почит и внимание, какви што секоја жена заслужува секој ден! Продолжете да блескате со својата убавина, мудрост и сила“, порачаа организаторите на оваа иницијатива.

Слични Објави