„Синиот портокал“ вечерва во Прилеп

Со претставата „Синиот портокал“ на Театар Велес, вечерва започнува роденденската недела на прилепскиот театар Војдан Чернодрински.



Прилепскиот театар одбележува 76 години постоење, исполнети со стотици премиери, илјадници изведби и генерации актери што ја граделе љубовта кон сцената и публиката.

Роденденската програма носи избор на претстави од македонските театри, а отворањето со „Синиот портокал“ најавува недела во која Прилеп ќе живее во знакот на театарската уметност.

Од своето основање во 1949 година, театарот „Војдан Чернодрински“ останува еден од симболите на културниот идентитет на градот, место каде што приказните оживуваат, а емоциите се делат со публиката.

Слични Објави