|

УЧЕСТВУВАЈТЕ НА КОНКУРСОТ ЗА УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА „ПРОЧКА 2024“ – награден фонд 10.000,00 денари

Фото Кино Клуб „Прилеп“ во соработка со Општина Прилеп и Национална фото унија на Македонија објавува КОНКУРС ЗА УМЕТНИЧКА ФОТОГРАФИЈА НА ТЕМА „ПРОЧКА 2024“.

Конкурсот е дигален со една тема: „Прочка 2024“

Фотографиите да се да се направени за време на Карневалот „Прочка 2024“ во Прилеп, треба да се испратат најкасно до 05.05.2024.

Ќе се примаат колор и црно бели фотографии.

Право на учество имаат сите граѓани на Македонија. Учеството на конкурсот е бесплатно

За најдобри и најкреативни фотографии стручното жири ќе додели вкупно 6 награди и тоа:

Паричен награден фонд во висина од 10.000,00 денари, обезбеден од Општина Прилеп и три медали обезбедени од Национална Фото Унија:

– Прво место – 5.000,00 денари и златен медал од НФУ.- Второ место – 3.000,00 денари и сребрен медал од НФУ.

– Трето место – 2.000,00 денари и бронзен медал од НФУ.

За останатите учесници ќе бидат доделени e-сертификати за учество.

Од пристигнатите фотографии стручното жири ќе направи селекција и најдобрите фотографии ќе бидат дел од изложба која ќе се реализира во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп на 17 мај 2024 година

Повеќе информации околу условите и начинот на пријавување на следниот линк: https://theiaap.com/e/procka/

Насловна фотографија – Фото Кино Клуб „Прилеп

Слични Објави