|

53-та седница на Советот на Општина Прилеп (18.12.2024) – Дневен ред

Транспарентното работење на општините игра важна улога во зајакнувањето на довербата помеѓу локалната власт и граѓаните. Објавувањето на дневните редови пред седниците овозможува граѓаните да бидат информирани за планираните дискусии, а преносите во живо нудат директен пристап до процесот на одлучување.

Доколку сакате да ја проследите 53-та седница на Советот на Општина Прилеп, која започнува во 10 часот, тоа можете да го направите на следниот линк: https://www.youtube.com/@opstinaprilep/streams

Ова е одличен пример за користење на дигиталните технологии за зголемување на отчетноста и вклученоста на граѓаните.

Во продолжение е дневниот ред.

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.   Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп ЕЛС Општина Прилеп за 2024 година.

2.   Предлог-Одлука за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП Пазари Прилеп, за период од 01.07.2024 година до 30.09.2024 година.

3.   Предлог-Заклучок за давање овластување за потпишување на Анекс на Колективен договор за уредување на правата и обврските од работен однос на вработените во ЈКП Пазари Прилеп.

4.   Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за расходовање и отуѓување на оградата,  на ЈОУДГ Наша иднина Прилеп.

5.   Предлог-Решение за именување на претставник во УО на ООУ ,,Рампо Левката ‘’-Прилеп.

6.   Предлог-Одлука за давање позитивно мислење на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ ,,Гоце Делчев’’-Прилеп.

7.   Предлог-Одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на  спомен обележје-спомен плочи поставени на сквер (патека) во чест на славните личности од областа на културата од Прилеп.

8.   Предлог-Одлука за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 11 и ГП 10 формирани со ДУП за УАЕ бр.9, УБ9/1, Кварт 3 и Кварт 4, КО Прилеп, Општина Прилеп.

9.   Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на К.П. бр.492 КО Прилеп, на барање од Весна Димеска Мицева.

10.    Предлг-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на КП бр.1731 КО Прилеп, на барање од Гоце Мијоски.      

11.    Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправниот објект на КП бр.13888/1 КО Прилеп, на барање од Драгица Наумоска.

12.    Предлог-Одлука за утврдување услови за донесување на урбанистичко планска документација на К.П. бр.492 КО Прилеп со која ќе се изврши усоглсување на намената oд Д2-заштитно зеленило, во намена А1-1 домување, на барање од Стојче Бозоски.

    

Слични Објави