ВОЗЕЊЕТО ВЕЛОСИПЕД Е ДОБРО ЗА СИТЕ – ЕВРОПСКА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2024

Во третата седмица од септември, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Факултетот за безбедност Скопје, спроведува кампања по повод Европската недела на мобилност. Целта на оваа кампања е да се промовираат здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативните форми на мобилност.

Во рамките на Европската недела на мобилност се реализираат активности за подигање на свеста за користење на велосипед, јавен превоз и други еколошки транспортни решенија. Овие активности имаат за цел унапредување на заштитата на околината, намалување на бучавата и емисијата на издувни гасови од моторните возила, поголема безбедност на патиштата, подобрување на навиките за квалитетно живеење и подобрување на здравјето на луѓето.

Велосипедскиот сообраќај се смета за еколошки најодржлива форма на сообраќај. Велосипедот е транспортно средство кое овозможува директен пристап до целта на патувањето и е многу поевтино од користењето на други превозни средства. Возењето велосипед се промовира поради

велосипедот троши малку енергија,

Слични Објави