|

Помалку прекршоци регистрирани од „Безбеден град“ – најмногу за брзо возење

Во периодот од 9 до 15 февруари, системот „Безбеден град“ регистрирал 4.490 сообраќајни прекршоци, што е за 501 прекршок помалку во однос на првата недела од февруари, кога биле евидентирани 4.991 прекршок.



Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека тоа претставува намалување од околу 10 отсто на прекршоците откриени преку системот „Безбеден град“.

Најголем дел од прекршоците и натаму се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Во наведениот период се регистрирани:

  • 4.297 прекршоци за возење со поголема брзина од дозволената
  • 33 прекршоци за минување на црвено светло
  • 160 прекршоци за управување возило со истечена важност на сообраќајната дозвола

Покрај тоа, изречени се 148 мерки за забрана за управување со возило, што е 48,6 проценти помалку во однос на претходната седмица.

Од нив:

  • 33 забрани се поради минување на црвено светло
  • 115 забрани поради брзо возење

Кај брзото возење, најмногу санкции се изречени за екстремни прекршувања:

  • 99 случаи за брзина над 80 км/ч во населено место
  • 12 случаи за брзина поголема од дозволената за над 10 км/ч
  • 4 случаи за возење со над 170 км/ч во ненаселено место

Од МВР оценуваат дека намалувањето на бројот на прекршоците укажува на зголемена дисциплина кај возачите, но апелираат да се почитуваат сообраќајните правила со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Слични Објави