|

Воздухот денес „слаб“ – индексот на загаденост достигна 97

Квалитетот на воздухот денеска е оценет како „слаб“, откако индексот на загаденост достигна 97, покажуваат најновите податоци за мерењата на квалитетот на воздухот.

Според информациите, ваквото ниво на загадување може да има штетно влијание врз чувствителните групи граѓани, особено кај лицата со респираторни проблеми, повозрасните и децата.

Преепорачливо е намалување на времето поминато на отворено, особено доколку се појават симптоми како отежнато дишење, кашлица или иритација на грлото.

Податоците се базираат на тековните концентрации на загадувачки честички во воздухот, а граѓаните се советуваат да ја следат состојбата и да преземат мерки за заштита на здравјето.

Слични Објави