| |

(видео) Мермерна прашина ги загадува реките и Прилепското езеро – „Спас за Прилеп“ повторно алармира

Граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ алармира за сериозно загадување со мермерна прашина на Присадската и Оревоечката река, што, а со тоа и Прилепското езеро.



Од иницијативата информираат дека по првото пријавување до Инспекторатот за животна средина добиле одговор дека оваа институција не е надлежна за постапување по случајот. Според „Спас за Прилеп“, ваквиот одговор е загрижувачки, имајќи ги предвид потенцијалните еколошки последици и опасноста од понатамошно ширење на загадувањето.

Тие бараат итна реакција од надлежните институции, утврдување на изворот на загадувањето и преземање конкретни мерки за заштита на реките и Прилепското езеро.

Слични Објави