Прилеп му оддаде почит на флејтистот Коста Смилески: поставена ѕвезда на „Патеката на славните“

Во чест на празникот 3 Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, на АРТ-плоштадот пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ свечено беше откриена ѕвезда во чест на познатиот прилепски флејтист Коста Смилески.



Ова признание, кое Смилески го добива постхумно, беше прифатено со голема благодарност од неговото семејство. Неговиот син, Васко Смилески, се заблагодари за честа што му се оддава на ликот и делото на татко му, кој остави траен белег во музичката историја на Прилеп.

Од Општина Прилеп истакнаа дека со ова повторно се продолжува традицијата на поставување ѕвезди на „Патеката на славните“ – иницијатива што беше прекината и од 2016 година не беше додадено ниту едно ново име. Локалната самоуправа најави дека и во иднина ќе се оддава признание на заслужни прилепчани кои го носат името на градот со гордост и успех.

Слични Објави