|

По трет пат одржан „Фестивал на жетвата” Новаци 2024

Општина Новаци по трет пат ја организира манифестацијата „Фестивал на жетвата” Новаци 2024, кој се одржуваше на 19 и 20 јули кај манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци, оваа година Фестивалот беше финансиски поддржан и од министертвото за земјоделие, водостопанство и шумарство.

“Фестивалот на жетвата” е манифестација која по трет пат се одржува во Општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава. Ваквите настани се организираат со цел да се афирмира општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата.

На првата вечер во забавниот дел настапуваа Кловнот Диши и детската претстава Љупка и Љубица додека после свеченото отворање и обраќањето на градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски настапија Спасен Силјановски и Стојне Николова.

На втората вечер од “Фестивалот на жетвата” премиерно беше изведена песната со наслов “Новаци”. Композитор е Злате Ангелевски, текст Валентин Соклевски, во изведба на Ленче и Горан Кукиќ.Покрај нив настапија Кловнот Диши и претставата Разгалениот принц како и К4 бенд.

На вториот ден од фестивалот беше присустен и министерот за земјоделие Цветан Трипуновски кој ги посети сите изложувачи и сите штандови на  домашни производи, храна и семенски материјали, земјоделска механизација и сл.

Исто така им беа доделени признанија на земјоделците од Општина Новаци за својата работа изминатата година како и благодарници на сите учесници и помагачи на фестивалот.

Слични Објави