Поддршка за ранливите групи – нови можности за помош и нега
Соработката помеѓу институциите и граѓанските организации, носи придобивки за целата заедница
Денес ЈУ Меѓуопштунскиот Центар за социјална работа Прилеп и Здружение Центар за развој и едукација Прилеп преку споделување информации до јавноста ги промовираа достапните услуги кои се достапни и/или во идниот период ќе бидат достапни за жителите на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
Услугата Помош и нега во домот и во текот на 2025 година ќе биде достапна за корисниците со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади со нејзина испорака од страна на лиценцираниот давател Здружение Центар за развој и едукација Прилеп а во соработка на Центарот за социјална работа Прилеп. Со ангажман на 58 негуватели и опфат од околу 200 корисници ќе се обезбедува помош и поддршка за независно живеење на лицата со намален функционален капацитет и старите лица. Со цел вклучување на невработени лица во економија на грижа, здружението има верификувана програма за негувател/ка за стари и немоќни лица со цел зајакнување на знаењто и вештините на потенцијалните негуватели да обезбедат квалитетна испорака на услугата Помош и нега во домот.
Идентификувајќи ја потребата за социјални и здравствени услуги кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните, за прв пат во нашата држава, и во регионот ќе се пилотира услуга – Медицинска сестра во заедницата со цел добрите практики од ЕУ за осигурување на здравствена и социјална заштита на граѓаните, а особено на лицата во социјален ризик да се применат и кај нас. Воспоставувањето и пилотирањето на оваа услуга е во рамките на проектот Трансформирање на глобалните општествени предизвици во реални локални активности поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи. Преку проектот ќе се овозможи вработување на 10 медицински сестри и 5 социјални работници и психолози кои ќеиспорачуваат услуги за подобрување на физичкото и менталното здравје на лицата во социјалне ризик.
Целта на овој проект е обезбедување пристап до здравствени и социјални услуги за луѓето во сиромаштија преку воведување иновативни програми и зајакнување на соработката помеѓу националните и локалните власти, граѓанските организации и бизнисите.
Соработка помеѓу Центарот за социјална работа Прилеп и Здружението Центар за развој и едукација ќе биде и во областа на инклузија на децата од 7 до 17 години преку спортски активности во соработка со организации од Италија и Хрватска.
Во 2025 години ќе се прошири спектарот на достапни социјални услуги за лицата во социјален ризик што ќе донесе придобивки за корисниците, за давателите на социјални услуги, за институциите, општините и за заедниците во целина.