„Граѓаните полека си ги враќаат општините“
„Граѓаните полека си ги враќаат општините“, на 15 ноември во големата сала на Општина Ресен се одржа првиот консултативен состанок со граѓани, месни заедници, невладини организации, правни лица, здруженија. После подолг период граѓанскиот интерес за вакви настани е зголемен. На консултативниот состанок граѓаните учествуваат со предлози и идеи во креирањето на буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
„Благодарност за конструктивниот состанок како и за присуството на сите оние кои со предлози и идеи придонесуваат токму во креирање на буџетот на Општина Ресен за 2025 година“, соопшти градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски.
Буџетскиот форум е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво, како платформа за проблемите во заедницата и начинот на нивно решавање. Целта е да се поттикнат граѓаните да земат учество во развојот на заедницата на локално ниво, нивно вклучување во управувањето и создавање и унапредување на капацитетите преку создавање на локални партнерства за подобрување на социо-економските услови во општината.
На овој начин се овозможува транспаретна распределба на средствата на општинскиот буџет, преку вклучување на потребите во развојните планови на општинскиот буџет.