|

УКЛО се приклучи во престижната академска програма OCEAN

Во јакнењето на позициите и брендот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола вклучено е ново постигнување. УКЛО стана првиот и единствен македонски универзитет кој се приклучи на престижната програма Open Council of Europe Academic Networks (OCEAN) ( https://www.coe.int/en/web/open-academic-networks/member-database ).

Овој извонреден успех го позиционира УКЛО меѓу водечките академски институции и истражувачки центри од 46-те земји членки на Советот на Европа, обединети од заедничката посветеност кон унапредување на фундаменталните човекови права, демократијата и владеењето на правото.

Со приклучувањето кон академската мрежа OCEAN, УКЛО очекува посуштинска соработка со универзитети и научници од цела Европа и активна вклученост во дискусии и проекти посветени на основните вредности на Советот на Европа.

Оценка е дека со учеството во OCEAN, УКЛО дополнително ќе ја зајакнува посветеноста за промовирање на академскиот квалитет и поддршка на демократските принципи преку образованието и истражувањето.

Ова членство ја нагласува и улогата на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –Битола како клучен играч во поттикнувањето на меѓународната соработка и зачувувањето на вредностите што се во срцето на европската академска заедница.

Слични Објави