|

Учествувајте на петтата форумска сесија во Општина Прилеп

Можеби ќе ви личи на партиска активност, но НЕ Е!

Учествувајте на последователната (петта) форумска сесија организирана од Општина Прилеп која ќе се одржи на 28.03.2024 година со почеток од 11:00 часот, во просториите на Општина Прилеп, во Големата сала на Советот на Општина Прилеп.

На оваа форумска сесија пред учесниците ќе бидат презентирани резултатите од спроведените активности во рамки на процесот и имплементираниот проект како дел од грантовата шема, кој беше предложен, изработен и одбран од учесниците на форумот.

Настанот е во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети –фаза 2“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општини.

Aктивно учество од страна на граѓаните, претставници од невладиниот сектор, бизнис заедницата и од институции на форумските сесии придонесува за успешна реализација на форумскиот процес и реализација на избраниот проект.

Слични Објави