|

„ГРИЖА ЗА СЕБЕ – ОБРАЗОВАНИЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ДОЈКА“ – ОФИЦЕРСКИ ДОМ БИТОЛА

Во организација на Здружение за развој на ромската заедница и со поддршка од Општина Битола и Комисијата за еднакви можности „Сумнал“ и во соработка со Мрежата за младинско зајакнување и здравје, во понеделник 21.10.2024, во Офицерскиот дом во Битола , со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи настанот „Грижа за себе – Образование и превенција на рак на дојка“.

Предавачи на настанот се д-р Михајло Вангелов, д – р Иле Кузмановски и д-р Весна Шикловска, целта е во месецот посветен на борба против рак на дојката да се подигне јавната свест за навремена превенција и брзо делување во борбата против оваа болест.

Слични Објави