ТРИ МЕДАЛИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА НА 54 МЕЃУНАРОДНА ОЛИМПИЈАДА ПО ФИЗИКА
Денес, 28.07.2024 година се одржа завршната церемонија за доделување на медалите и наградите на најуспешните учесници на 54. Меѓународна олимпијада по физика, која од 21 до 29 јули се одржува во Исфахан, Иран.
Овогодинешните наши преставници го забележаа најголемиот успех од почетокот на учеството на учениците од Македонија на оваа олимпијада во 1996 година, освојувајќи сребрен медал, два бронзени медали и една награда за успешно учество (пофалница).
Јан Стојановски, ученик во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје, за прв пат на Мекедонија и донесе сребрен медал од оваа олимпијада, само 7 дена по освојувањето на Златниот медал на 8. Европска Олимпијада по физика.
Бронзени медали освоија:
Емилија Николовска, ученичка во четврта година во Математичко – информатичка гимназија – Скопје,
Андреј Стојановски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
Награда за успешно учество освои
Матеа Митревска, ученичка во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје.
Своето знаење на оваа олимпијада го покажа и Дамјан Стојанов, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
Водачи на тимот беа:
Проф. д-р Ламбе Барандовски, вонреден професор на ПМФ во Скопје и Претседател на Друштвото на физичарите на Република Македонија и Војо Митревски, апсолвент на Институтот за физика при ПМФ во Скопје и поранешен олимпиец.
На 54. Меѓународна олимпијада по физика учествуваа 197 ученици од 46 држави од светот.
Радувај се Македонијо!
Стои во соопштението на Друштво на физичарите на Република Македонија