ЕБР се придружи во непрестаната борба против огнената стихија во Јасен
Во Јасен веќе неколку дена гори мешана шума. Теренот е исклучително тежок и се прават натчовечки напори тој да биде ставен под контрола.
Поради пожарот во националниот Парк Јасен, продолжува забраната за сообраќај на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје. Патот е затворен е за секаков вид на возила, соопштија од Автомото сојузот на Македонија.
Припадниците на Единицата за брзо распоредување и денес неуморно се борат со пламенот во реонот на Јасен. Цел ден на терен, со колегите и со останатите служби, тие ја ставаат својата сила, знаење и храброст во заштита на природата и безбедноста на граѓаните. Нивната посветеност и пожртвуваност се најголемата инспирација и доказ дека вистинските херои носат униформа.
Благодарност до сите што се борат со огнената стихија – се вели во Фејсбук статусот на Единицата за брзо распоредување.


