Тешко повреден странски државјанин кај Маркови Кули

Државјанин на Србија се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен кај Маркови Кули во Прилеп.

Инцидентот се случил на 10 април околу 18 часот, кога 39-годишниот Л.Л., движејќи се низ карпестиот предел, паднал од височина. По несреќата, тој бил итно пренесен во Општата болница во Прилеп, каде лекарите констатирале тешки повреди.

На местото на настанот извршен е увид од страна на полициска екипа, а надлежните служби работат на утврдување на причините и околностите што довеле до несреќата.

Слични Објави