Интервју со Виктор Арнаудовски од ЗЕЛС
Разговараме со Виктор Арнаудовски за теми кои се однесуваат на Локалниот економски развој (ЛЕР) на една општина, но овој пат условен од проблемите кои се раѓаат во секторот за урбанизам.
Дали општините имаат ажуриран Генерален урбанистички план (ГУП) и дали имаат проблеми при изработка на Деталните урбанистички планови (ДУП) ?
– Развој без овие планови е невозможен-
„ Донесување планови е тековна надлежност на општините и тие го прават тоа во рамките на нивните можности, понекогаш во прашање се финансиски средства, а некогаш имотноправните прашања, со оглед на тоа што со еден Урбанистички план (УП) се врши урбанизација на одреден опфат и веќе стигаме до прашања кои треба детално да бидат претходно уредени за да се пристапи кон донесување на еден УП, се разбира ГУП е предуслов за донесување на ДУП. Во руралните средини имаеме Урбанистички планови за село за кои исто така има потреба од голем ангажман на кадар, капацитет мегутоа и финансиски средства за да може истите да бидат донесени односно тековно да бидат ажурирани согласно потребите поврзано со прашањето за локалниот економски развој.“
„Урбанизацијата подразбира соодветна намена за земјиштето каде може да се гради секаков вид на објекти како индивидуално домување, објекти за колективно домување објекти со намена за индустрија, објекти од јавен интерес, објекти од локално значење, и т.н.“
Какава поддршка добиваат општините од Заедница за единствена локална самоуправа (ЗЕЛС)?
„Од ЗЕЛС општините добиваат поддршка во тековната секојдневна работа, помош и совети за Електронските услуги кои ние ги имаме изработено, бази кои ги ажурираме и уште многу други работи…..
Повеќе, Како да се решат дел од проблемите И кои совети се нудат, слушнете во интервјуто со Арнаудовски.