Да му помогнеме на Гоце – Млад човек со кој судбината си поиграла
По претрпен мозочен удар,
Гоце Јовчески (Врбата), млад човек од 42 години, се соочува со тешка животна битка.
Судбината беше немилосрдна, но постои огромна надеж. Според мислењето на доктори специјалисти, со соодветна и скапа терапија, континуирана медицинска нега и рехабилитација, за период од 6 до 12 месеци, состојбата на Гоце може значително да се подобри и да биде одлична.
Во овој момент е потребна брза, искрена и безусловна помош.
Да покажеме емпатија, човечност и солидарност.
Секој придонес значи чекор поблиску до целта – Гоце повторно да застане на нозе.
Во име на Гоце Јовчески (Врбата) оваа објава ја направи негов пријател.




