|

ССМ бара 600, покачувњето во Март ќе биде 26 евра

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно редовното законско усогласување што се врши во март.



Со тоа, минималната плата ќе изнесува 26.046 денари нето, а работниците зголемениот износ ќе го добијат со априлската исплата.

Од Министерството за економија и труд информираат дека зголемувањето е направено согласно критериумите утврдени во Законот за минимална плата, кои се темелат на економските параметри и движењата на трошоците за живот.

Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, станува збор за системско решение што се применува редовно и има цел да го заштити животниот стандард на работниците, притоа водејќи сметка и за состојбата во економијата.

Слични Објави