Колку се чисти на вашат улица а колку е предвидено во „Програма за јавна чистота“ 2026
ЈКП Комуналец – Прилеп ја објави Програмата за одржување на јавната чистота за 2026 година, со детална распределба на активности по реони на територија на Прилеп.
Доколку досега не сте знаеле – програмата е јавно достапна и секој граѓанин може да ја прегледа. Во неа се содржани планираните активности за текот на целата година, колку пати треба да се чисти нивната улица според регион…
Документот ги опфаќа планираните активности:
- редовно метење и миење на улици
- чистење на тротоари и јавни површини
- одржување на зелени површини
- собирање и транспорт на комунален отпад
- отстранување на диви депонии
- зимско одржување
Со програмата граѓаните можат да проверат во кој реон припаѓаат и кога се предвидени активности во нивната населба, што претставува чекор кон поголема можност за граѓаните да следат, колку претпријатието си ја спроведува сопствената програма.
Програмата опфаќа одржување на улици, тротоари, плоштади, плочници, паркови, кејови, сообраќајници и други јавно прометни површини на територијата на Прилеп.
Со објавувањето на овој документ, претпријатието обезбедува поголема транспарентност за граѓаните – кои можат да видат како се распределуваат средствата и во кој реон се планираат активности. https://komunalecprilep.com.mk/wp-content/uploads/2026/02/programa-cistota-2026.pdf?fbclid=IwY2xjawQRfc1leHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR6rhFKk87j_C5ugjCCMzHfLmFU3482rnnzw0YeFqxQnEaLH8NjZieP5zwL6Zg_aem_jEoJOKgwPGm7WSIpxYw6kg
📍 Чистење по категории – во кој реон припаѓате?
Јавните површини се поделени во четири категории, во зависност од фреквенцијата на движење и интензитетот на сообраќај.
🟢 I категорија
Централно градско подрачје, главни булевари, Стара чаршија и најфреквентни плоштади.
➡ Чистење секој ден (7 пати неделно, во една или две смени).
🟡 II категорија
Главни сообраќајници и зони со средна фреквенција.
➡ Чистење 6 пати неделно.
🟠 III категорија
Периферни улици и површини со помала фреквенција.
➡ Чистење 2 пати неделно.
🔵 IV категорија
Периферни и помалку оптоварени реони.
➡ Чистење 1 пат неделно.
Во програмата се наведени конкретни улици со точна површина и пресметка на годишниот обем на работа.
💰 Колку средства се предвидени?
Финансиската пресметка покажува дека за 2026 година се планираат:
✅ Метење на јавни површини
Површина: 91.276.176 m²
Цена: 0,53 денари по m²
➡ Вкупно за метење: 48.590.872 денари (без ДДВ)
✅ Миење на јавни површини
(машинско и рачно, со преден и заден млаз)
Површина: 19.830.036 m²
➡ Вкупно за миење: 10.059.535 денари (без ДДВ)
✅ Чистење диви депонии
Планирано е да се соберат и депонираат најмалку 5.000 m³ отпад, по цена од 850 денари по m³.
➡ Вкупна вредност: 4.250.000 денари
📊 Вкупна финансиска рамка
Според рекапитулацијата на програмата:
- Метење + миење: 58.650.407 денари
- Диви депонии: 4.250.000 денари
➡ Вкупно потребни средства: 62.900.407 денари (без ДДВ)
За реализација на програмата и останатите оперативни активности, вклучително и парковско одржување и зелени површини, вкупната финансиска рамка што ќе ја обезбедува Општина Прилеп изнесува:
👉 101.005.431 денари, кои ќе се исплаќаат сукцесивно во текот на годината по месечни пресметки и одобрени ситуации.
Дел од средствата се покриваат и од надоместокот што граѓаните и правните субјекти го плаќаат преку комуналните сметки.



