СОВЕТНИЧКИ ПРАШАЊА НА 52. СЕДНИЦА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП (ВИДЕО)
Советот на Општина Прилеп ја одржа 52 седница предвидена за советнички прашања!
На педесет и втората седница на Советот на Општина Прилеп, на дневен ред пред советниците се најдоа советничките прашања кои ги поставуваа до градоначалникот, до раководителите од општинската администрација и директорите на Јавните претпријатија.
Одговарајќи на прашањата поставени од советниците, градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, детално ги образложи веќе реализираните и оние проекти кои во моментот се работат на територијата на Општина Прилеп.
Советниците бараа одговори за работата на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија, за состојбата со хигиената на градот, за состојбата со водоснабдувањето во градот и населените места, за инфраструктурни и урбанистички решенија итн, на кои конструктивно и темелно одговараше градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и раководителите на јавните комунални претпријатија и раководителите на сектори при локалната самоуправа.
Во конструктивна расправа, советниците при Советот на Општина Прилеп дебатираа како да се решат дел од проблемите на засегнати граѓани. Исто така на ова седница се усвоија и измените на статутот на ЈОУДГ Наша Иднина, Прилеп.
На линкот можете даја гледате комплетнате седница: