| |

„Крушево низ корија“ 2025 – Викенд авантура под отворено небо

Во Крушево викендов (16 и 17 август) се одржа 11. издание на Фестивалот на отворено „Крушево низ корија“, кој повторно го претвори Мечкин Камен во центар на авантурата и забавата.



Програмата опфати кампување, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија и тандем летови со параглајдер, а гостите уживаа и во дегустација на традиционални крушевски специјалитети подготвени од здружението „Слоу фуд“ – Прилеп. Вечерната атмосфера беше збогатена со голема журка во корија, на која настапија DJ Oldschool Selector и групата „Романса“.

Во недела, 17 август, беа возени три велосипедски тури со различна тежина: Мала МТБ тура – 15 км, 300 м елевација, лесна и погодна за рекреативци; Средна МТБ тура – 30 км, 700 м елевација, средно тешка (7/10); Голема МТБ тура – 40 км, 1000 м елевација, предизвик за поискусните велосипедисти.

Настанот беше место каде што се сретнаа љубителите на природата, спортот и културата, кои заедно создадоа уникатна авантуристичка атмосфера.

Фестивалот е во организација на Форумот за авангардна креативност (ФАК) од Прилеп, во соработка со Општина Крушево.

Слични Објави