Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета
Општина Крушево организира јавна презентација и јавна анкета за предлог-урбанистички проект за полетиште за параглајдери на Црн Врв, со цел вклучување на јавноста во планирањето на спортско-рекреативни зони. Во продолжение погледнете го соопштението:
за организирање на јавна презентација и јавна анкета за ПредлогУрбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3-спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево
Се организира јавна презентација и јавна анкета за предлог Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3-спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево.
Јавната анкета се организира со излагање на планот во Центарот за информирање на граѓаните на Општина Крушево и во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот, а ќе трае 15 денови, почнувајќи од 06.05.2025 година до 21.05.2025 годинa. Во исто време ќе се спроведува и во електронска форма преку информацискиот систем е – урбанизам, а ќе биде објавена и на веб страната на општината www.krusevo.gov.mk.
Јавната презентација како стручно презентирање на планската документација се организира во рамките на јавната анкета и трае еден работен ден, а ќе се одржи на ден 16.05.2025 година, во 11:00 часот, во просториите на Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево, соба број 23.
Предлог Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Д3-спорт и рекреација на зелени површини – Полетиште за параглајдери на м.в. Црн врв КО Крушево вон град, општина Крушево, во печатена форма ќе биде истакнат во просториите на Центарот за информирање на граѓаните на општина Крушево и Одделението за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина на општина Крушево. Сите заинтересирани субјекти, физички и правни лица во предвидениот рок, на анкетни листови ќе можат да ги достават своите забелешки, мислења и предлози по предлогот на планот. Анкетните листови можат да се подигнат во соба број 23 секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.
Потребните документи може да ги погледнете на следниот линк: https://krusevo.gov.mk/?p=17084