Доделени 192 договори за државно земјоделско земјиште
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ја посети подрачната единица на Министерството во Прилеп, каде што беа доделени 192 договори за закуп на државно земјоделско земјиште на земјоделци од овој регион. Договорите опфаќаат вкупна површина од речиси 500 хектари.









Министерот истакна дека ова е дел од јавниот повик реализиран во јануари годинава, а заедно со претходните повици досега се распределени речиси 6.000 хектари земјиште преку над 2.100 договори.
„Интересот е голем, а нашата цел е секоја слободна педа земјиште да биде ставена во функција“, рече Трипуновски, додавајќи дека ќе продолжат и контролите на терен за спречување на злоупотреби.