|

ОТВОРЕНА ДИСПЕРЗИРАНА ПОДРАЧНА ЕДИНИЦА НА МЗШВ И АПРЗ ВО НОВАЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ОВОЈ РЕГИОН

Повеќе од 1000 земјоделски стопанства од Општина Новаци и дел од Пелагонискиот регион од денес ќе имаат можност полесно и подостапно да ги користат советодавните услуги на Министерството за земјоделство и АПРЗ.

Заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, директорот на АПРЗ Пеце Стојковски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ од Битола Стојан …….. денес ја отворивме оваа канцеларија која се наоѓа во општинската зграда на приземје.

Отворањето на оваа подрачна канцеларија е особено значајна за земјоделците од Општина Новаци затоа што со оваа активност двете институции се доближуваат до земјоделците и до услугите кои тие ги даваат. На нашите земјоделци ќе им биде полесно при доставувањето на документите за субвенции и аплицирањето кон фондовите за поддршка и развој на земјоделството

Слични Објави