ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР, ПОВТОРНО ГО НОСИ ПРИМАТОТ ЗА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА
ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР, ПОВТОРНО ГО НОСИ ПРИМАТОТ ЗА НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА – ВОДЕЧКА ОПШТИНА СО 100% ИСПОЛНЕТОСТ НА ОБВРСКИТЕ ЗА ПРОАКТИВНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ
По спроведениот мониторинг на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, кој беше спроведен врз 90 иматели на информации, односно, вклучувајќи ги сите општини и Центрите за развој на планските региони, Општина Демир Хисар е најстранспарентна институција, со исполнетост од 100% во однос на проактивното објавување на информациите, а согласно член 10 од Законот за СПИЈК.
Истражувањето се спроведува врз основа на претходно изработена методологија и структурирани прашалници за состојбата на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите на интернет-страниците на институциите.
Со ова уште еднаш се потврдува фактот дека, Општина Демир Хисар континуирана, посветено и со силна заложба работи транспарентно, отчетно, одговорно и респонзивно – како услужен сервис на граѓаните.
Повеќе и подетално можете да прочитате на следниот линк:
https://aspi.mk/…/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%88%d1%82…