Снег на Пелистер среде лето – природата повторно ја покажа својата моќ
Националниот парк Пелистер денес повторно ја потврди својата уникатност. Иако е сред лето, највисоките делови на Баба Планина беа покриени со снег – редок, но впечатлив природен феномен кој уште еднаш потсетува дека планината секогаш знае да изненади.
Пелистер, познат како кралот на македонските планини, истовремено воодушевува со својата убавина и ја покажува својата сурова сила. Ваквите временски промени се доказ дека планината не е секогаш предвидлива и дека посетителите треба со почит и внимателност да се движат низ нејзините предели.
Од Националниот парк изразија благодарност до вработените во пунктот на Национална радиодифузија на врв Пелистер, кои редовно и навремено ги информираат за сите временски промени и природни појави на Баба Планина.
Фотографиите од снежната глетка, направени од Оливер Тарасовски, уште еднаш ја доловуваат неповторливата убавина на Пелистер и неговата способност да ги изненади љубителите на природата во секој период од годината. – стои во објавата од Националниот парк Пелистер



