|

За првпат македонско знаме на Г2 во Пакистан, Сашко Кедев го освои еден од највисоките врвови во светот

Еден од најпознатите македонски кардиолози, но и планинари, доктор Сашко Кедев, ја продолжи мисијата на искачување на највисоките светски врвови, откако пред точно една недела го искачи врвот Г2 во Пакистан.

Станува збор за 13. највисок врв во светот, кој се протега на височина од 8.035 метри. Доктор Сашко Кедев се искачи на врвот Г2 (Gasherbrum II), во Пакистан, кој е висок 8.035 метри, објави Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

„За првпат во историјата македонско знаме на G2 (Gasherbrum II), Пакистан, 8.035 м. На 22 јули 2024 година, во 13:28 часот по локално време, проф. д-р Сашко Кедев го искачи тринаесеттиот по височина врв на светот“, соопшти Федерацијата.

Од 14-те врвови во светот повисоки од 8.000 метри, Кедев досега ги има искачено 11, вклучувајќи ги Монт Еверест и К2.

Слични Објави