Секој чекор во природа носи ризик: Заштитете се од крлежите!
Со доаѓањето на потоплите денови, расте и опасноста од крлежи – мали инсекти кои можат да пренесат сериозни заразни болести. Иако не секој крлеж е опасен, експертите предупредуваат на зголемена внимателност при престој во природа. Крлежите често не се чувствуваат при убодот, бидејќи испуштаат супстанција со анестетичко дејство. Затоа се препорачува внимателен самопреглед веднаш по враќањето од природа, особено во делови од телото како препоните, пазувите и вратот. Граѓаните треба да носат затворена, светла облека, да користат репеленти и да избегнуваат висока трева и грмушки.
· Нестручното отстранување го зголемува ризикот на (пренос) на микроорганизмите од крлежот на човекот. Поради тое се советува, во првите 18-24 часа од убодот ИТНО да се отиде во амбуланта во која ќе се отстрани крлежот и препише соодветна терапија која ќе го заштити пациентот од Лајмска болест.
· Нестручно отстранување на крлежот од кожата обично е неуспешно бидејќи рилката на крлежот заостанува зариена во кожата.
· Никогаш, навистина никогаш, не го мачкајте крлежот со алкохол, масло, бензин и други течности поради опасност од испуштање на токсични материи и бактерии во вашиот организам.