РЦУК Прилеп: Променливо облачно и потопло време
Од утре па сè до сабота во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со постепен пораст на дневните температури. По одделни котлини ќе има појава на магла, особено во утринските часови.
Од сабота кон крајот на денот, а особено во недела, се очекува влошување на временските услови со локални врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат и пообилни. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при патување, особено во планинските предели и во регионите каде се најавени врнежи.



