„Пејзажни знаци 26“ – изложба на Атанас Атанасоски во НУЦК „Марко Цепенков“

Трње, суви растенија и природни форми претворени во впечатлива современа уметност. Токму тоа го нуди новата изложба-инсталација „Пејзажни знаци 26“ на прилепскиот уметник Атанас Атанасоски, поставена во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“.

Ова не е класична изложба, туку визуелна приказна во која локалната вегетација станува главен ликовен елемент. Користејќи трновити растенија кои и по сушењето ја задржуваат својата цврстина, авторот создава дела што ја истражуваат врската помеѓу човекот и природата, но и ја отвораат темата за екологијата, традицијата и современиот начин на живеење.

„Живееме во време кога технологијата ни овозможува секојдневно да ја следиме светската уметност, но мојата инспирација сè повеќе ја пронаоѓам во моето најблиско опкружување – природата, културата и традицијата“, вели Атанасоски.

Изложбата е реализирана со поддршка на Министерството за култура и туризам и ќе биде отворена до 7 август 2026 година.

Слични Објави