Тројца гимназијалци од „Мирче Ацев“ Прилеп на олимпијади во Саудиска Арабија, Египет и во Кина
Тројца гимназијалци од Средно општинско училиште Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп ќе се натреваруваат на олимпијади во Саудиска Арабија, Египет и во Кина.
На олимпијадата по хемија што ќе се одржува од 20 јули во Ријад – Саудиска Арабија, Петар Мирчески ќе биде дел од олимпискиот тим.
На олимијадата во Пекинг – Кина што ќе се одржува од 7 август, Ивана Атанасоска ќе се натпреварува по географија
Додека на олимпијадата по информатика која ќе се одржува во септември во Александрија – Египет, ќе се натпреварува Благој Рујаноски Стојаноски
Тројцата гимназијалци работат интензивно со своите менторите од гимназијата и со професори од факултетите од Скопје. Раководството од гимазијата се надева дека Министерството за образование ќе им излезе во пресрет за учеството на тројцата гимназијалци на олимпијадите во Саудиска Арабија, Египет и во Кина.
Ние им посакуваме успеси и да се вратат со награди од трите олимпијади.