Спасете живот! Крводарителска акција во Могила
Во САБОТА (14.12.2024) од 10:00 до 14:00ч. во просторијата на Пензионерскиот клуб во Могила ќе има крводарителска акција организирана од Црвен Крст.
Целта на оваа хуманитарна иницијатива е да се обезбедат доволни количини крв за пациентите кои зависат од неа за своето лекување и спасување на животот.
„Да ја покажеме хуманоста на дело. Нашата крв спасува живот!“ порачуваат од општина Могила
Сите здрави лица на возраст од 18 до 65 години можат да даруваат крв. Дарувањето крв е безбедно и брзо, а секој дарител игра важна улога во спасувањето на човечки животи.