Програма на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Официјалната програма на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ е соствена од 11 претстави. Четири според текстови на Горан Стефановски и седум светски класици. Концептот врз кои е направена селекцијата оваа година е „Ново читање“ или избрани се претстави кои што ги следатат европските театарски трендови.

  1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
  2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албанскиот театар – Скопје;
  3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип;
  4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.
  5. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје;
  6. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Центар за култура „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес;
  7. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар;
  8. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турскиот театар – Скопје;
  9. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола;
  10. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар „Комедија“;
  11. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театарот за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма се селектрирани претстави, кои што се вклопуваат во концептот на официјална програма.

  1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар
    „Златен Елец“;
  2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion
    Network и НТ Штип;
  3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на
    Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје;
  4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на
    Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна, Бугарија.
  5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и
    Хибрид.
  6. „Арт“ од Јасмина Реза, дипломска претстава на студентите по актерска игра од
    класата на проф. Дејан Пројковски, Универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје.

Фестивалиот ќе се одржи од 7 до 14 Јуни.

Слични Објави