Земјоделците две недели без вода поради дефект – институциите без одговор

Повеќе од дваесет хектари обработливо земјиште на потегот од селото Старо Лагово до фабриката Гентерм во Прилепско, останаа без вода за наводнување веќе втора недела. Земјоделците, кои главно одгледуваат тутун и пипер, алармираат дека штетите ќе бидат огромни доколку не се интервенира веднаш.

Причината, според нив, е сериозен дефект на хидросистемот што се напојува од вештачкото езеро. Системот е клучен за одржување на земјоделското производство во овој дел на општината.

Земјоделците реагирале до АД „Водостопанство“ – Скопје, Подружница „Прилепско поле“ – Прилеп, од каде, како што велат, им било одговорено дека не можат да преземат ништо без одобрение од централата во Скопје.

„Секоја капка вода ни е скапоцена во овие денови и носиме во кофи. Посевите ни се пред сушење, а тие ни велат чекајте дозвола од Скопје. Не можеме да чекаме додека ни умира родот,“ вели еден од погодените земјоделци.

Локалното население бара итна интервенција од надлежните институции.

Слични Објави