|

ПОШУМУВАЊЕ ВО АТАРОТ НА МАЛО РУВЦИ

Денес, во организација на менаџерскиот тим, наставниците и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Општина Прилеп, се реализира еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на селото Мало Рувци.

Се засадија 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска – кои треба да ја симболизираат заедничката заложба за поздрава животна средина и поубаво утре. Оваа локација претрпе голема штета од пожари во изминатиот период, и беше време да го вратиме зеленилото што го изгуби.

Младите еко-херои, наставниот кадар, родителите и целата бизнис заедница со посветеност го реализираа ова пошумување. Вакви настани покажуваат дека со секоое позитивно дело, може да направи голема промена.

Слични Објави