Прилепчанката Марија Талеска со специјална награда на меѓународниот фестивал „Enjoy Music“ во Романија
Младата прилепска пејачка Марија Талеска освои специјална награда од меѓународното жири на престижниот фестивал за пеење „Enjoy Music“, кој се одржа во Романија.
На фестивалот настапија повеќе од 120 млади таленти од десетина земји, кои ги претставија своите вокални способности пред стручно меѓународно жири.
Талеска, како претставник од Македонија, со својот настап успеа да го привлече вниманието на жирито и да се закити со специјално признание, со што уште еднаш го потврди својот вокален потенцијал и посветеноста кон музиката.
За младата прилепчанка ова е уште еден значаен меѓународен успех, по кој со своите настапи продолжува да го претставува Прилеп и Македонија на музички фестивали и натпревари надвор од земјата.
Од „Enjoy Music“ Марија се враќа со награда, но и со уште една потврда дека прилепскиот музички талент има свое место и на меѓународната сцена.


