|

ПРИЛЕП ВО ФОКУС СО КИРЕ, ПЛАТНАР И ЏУМЕ (ВИДЕО)

Синоќа во 21 часот, кај Саат-кулата беше отворен Музејот во движење, каде актерот Игор Трпчески настапи со монолог од претставата „Арсениј“ од Благоја Ристески Платнар, во режија на Владимир Милчин, а во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Просторот беше збогатен и со изложба на фотографии во различни формати, кои го пренесоа духот на театарската уметност.

Потоа, публиката се упати кон „Брос Бургерс“, каде што следуваше дигитална презентација од личната архива на актерот и долгогодишен директор на фестивалот, Кирил Ристоски.

Истовремено, во веге барот „Аура“ беа изложени артефакти и лични предмети на препознатливиот и неповторлив Благоја Спиркоски – Џумерко, кој оставил длабока трага во културната историја на Прилеп.

Слични Објави