Лежерно интервју со Антигона Трајковска (видео)
Едно малку поинакво интервју, во кое имаме чест да се дружиме со една неверојатна жена, која потекнува од Прилеп, а веќе две децении живее преку океан – во далечната Канада. Таа е Антигона Трајковска.
Ана е мајка на три прекрасни деца, сопруга и авантуристка што го живее животот со широко отворено срце. Нејзините страсти – семејството, патувањата, готвењето и креативноста – ја прават уникатна личност, која со голема љубов и енергија ја споделува својата животна приказна.
Уживајте во овој инспиративен разговор со жена што знае како да ја доживее секоја секунда од животот!