„ОДЕК НИЗ ВЕКОВИ“ – ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА КУД „ИЛИНДЕН“ ДЕМИР ХИСАР
Демир Хисар во ритамот на традицијата! Овој викенд, на 11 и 12 октомври 2025 година, во Домот на културата „Илинден“ ќе се одржат традиционалните годишни концерти на културно-уметничкото друштво КУД „Илинден“ Демир Хисар, под наслов „Одек низ векови“.
Настанот е поделен во две концертни вечери:
Во сабота, 11 октомври, од 19:00 часот, ќе настапат детските ансамбли на друштвото, кои ќе ја прикажат младешката енергија и љубовта кон фолклорот.
Во недела, 12 октомври, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи главниот концерт на возрасните ансамбли, кои со својата изведба ќе ја пренесат убавината и богатството на македонското народно творештво низ вековите.
Влезниците се по цена од 120 денари, а можат да се набават од среда, 8 октомври, во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Организаторите најавуваат две незаборавни вечери исполнети со песна, оро и љубов кон традицијат



