Голем интерес од локалното население на работилниците за справување со влијанијата од климатеските промени наменети за агро секторот и производителите на храна
Започнувајќи од 21.05 до денес се одржаа шест работилници за производителите на храна од руралните подрачја на Општина Демир Хисар, а добредојдени се и сите останати од Пелагонискиот плански Регион.
„Повеќе од 100 лица дојода на советување за климатските промени и справување со ризиците кои во суштина се трансформирање и унапредување на нивните локални бизниси со употреба на зелена енергија, рационализација на процесите на производство, воведување на добра земјоделска пракса и стандарди. Со тоа стануваат поквалитетни и им се овозможуваат заштеди и секако поголем профит.“- рече претседателот Др.Драган Јовановски на Еколошкото друштво БИГЛА од Демир Хисар.
Еколошкото друштво БИГЛА Демир Хисар, го реализира проектот: „Подобрување на квалитетот на живеење во подрачјата со специјални развојни потреби во Пелагонискиот плански регион преку јакнење на свеста кај населението за заштита на животната средина и отпорноста кон климатските промени“, поддржан од Министерството за локална економија- Биро за регионален развој.
Работилниците опфаќаат теми кои ги засегаат земјоделците и компаниите кои произведуваат разни типови на прехрамбени производи.
Климатските промени, мерки за справување, одржливо земјоделство, енергетска ефикасност, зелени бизниси, циркуларна економија, разработка на бизнис модели, инвестиции, грантови шеми, кредитирања.
„Многу сум задоволен од советувањата, јас поседувам месарница и скара на кило, а на работилниците добив идеја дека можам да станам уште посериозна локална компанија ако додадам кетеринг со комплетна опременост за организирање на настани. Во Демир Хисар сме мал пазар и може да се проширува дејноста, со што би отвориле и нови работни места. Бевме советувани и за зелени работни места и неповратна помош за вработувањата, за технолошки развој и за новините во ИПАРД 2021-2027.“- вели сопственикот на месарница и скара на кило.
Комплексноста на обуките ги дава сите одговори на сите прашања на производителите и ќе помогне во подигање на квалитетот, технолошкиот развој и препознавање на иновации во секторот, со комплетно разработување и елаборирање како да се реализраат потребите и визијата кон највисоките стандарди и минимизирање на загубите и штетите, менаџирањето со ризиците и креирање на капацитет за искористување на програмите и моќностите кои се на располагање за овие производители.
“Многу правила за сообразност и вкрстена сообразност не им се познати на земјоделците иако секодневно советуваме. Работилниците на еден лесен и детален начин им ги даде одговорите како да се уредат и да внимаваат за да имаат квалитетно производство, согласно употребата на вода, ѓубрива, механизација, изѓубрување, калкулации, во нивна корист за успешност и квалитет.“- рече Др.Драган Јовановски. .